Петар Печков
Објавено: понеделник, 13 јули 2026
Драматично апсење на тројца скопјани во центарот на Велес, на Сармаале, саботата на пладне, откако полицијата добила пријава дека украле голема количина на стока од продавница за текстил во градот. Вработената го запомнила возилото, црн голф, скопски регистарски број. Автомобилот бил лоциран во центар на улица Архиепископ Михаил, како се враќа во рикверц од паркингот позади хотелот.
Полицајците, кои биле петмина на кружниот тек кај јаворите, го сопреле возилото, ги идентификувале лицата им ставиле лициси и ги однеле во полициска станица. Повеќе од информацијата на велешката полиција.
„На 11јуни во 12:30 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес ги лишија од слобода С.С.(32 год), М.Х.(22 год) и Б.Ј.(19 год) сите од Скопје. Претходно, 39-годишна велешанка пријавила дека забележала две машки лица кои го напуштаат објектот каде била вработена со поголема количина на роба и кога се упатила кон нив, истите се дале во бегство, по што влегле во патничко возило и го напуштиле местото, а пријавителката забележала дека од објектот биле одземени повеќе предмети. Набргу, по преземени мерки, полициски службеници од СВР Велес сопреле патничко возило „голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.С., а сопатници биле М.Х. и Б.Ј. и при преглед одземеното било пронајдено во возилото и вратено на сопственикот“ – соопшти Ана Милевска Ѓеогиева портпарол на СВР Велес.
Тие биле приведени во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.
