Архитект Ѓоко Радовановиќ добитник на наградата за животно дело „Андреја Дамјанов“

Петар Печков

Наградата за животно дело во областа на архитектурата и градителството „Андреја Дамјанов” за 2020 година му е доделена на Ѓоко Радовановиќ, дипломиран инженер архитект од Скопје, одлучи . Асоцијацијата на архитектите на Македонија (ААМ).

Ѓоко Радовановиќ е креатор на проекти и објекти што оставиле значаен белег врз современата македонска архитектура. Неговите архитектонски дела, стилот и изразот оставаат огромен белег, особено на градот Скопје, пишува во образложението.

Автор е на 124 проекти, од кои негови позначајни архитектонски дела се: „Соравија центар Скопје“ , „Соравија ресорт Скопје“ , СЦ „Јане Сандански“, вила „Дарко Панчев“, индустриски објект „Рио кафе“ и многу други. Во доменот на изработка на специфични проекти се јавува како автор на „Студија за монтажни соларни куќи“ и на „Студија за монтажни санитарни кабини“.

Ѓоко Радовановиќ е роден во Подујево 1949 година. Средно образование, насока архитектонски техничар, завршува во Ниш (1967), а високото образование го продолжува на Архитектонскиот факултет во Скопје.

Поврзани »

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ Велес

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ Велес, која е дел од Швајцарска мултинационална корпорација активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала има потреба да вработи:
Магационер
Техничар за одржување
Оператори за производство на крвни линии

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали ги чувствувате придобивките од примената на летно и зимско сметање на времето, кое е на сила од 27 март 1983 година, за тоа да продолжи да се применува?

  • да
  • не
Резултати