Бесплатен упис за првачиња и деца од предшколска возрат во градската библиотека

Петар Печков

Градската  библиотека „Гоце Делчев“, како и секоја година и оваа нуди бесплатно годишно членство за сите деца од предучилишна возраст како и бесплатно членство за сите првачиња.
 
„Во текот на месец септември во секое училиште - секое прваче од сите училишта ќе добијат ваучер за бесплатно членство. Почитувани родители, вклучете го Вашето дете во магијата на книгите уште од најмала возраст и овозможете му да расте со љубов кон читањето. Почитувани родители, донесете го вашето дете во Библиотека, заедно започнете да уживате во приказните и знаењата што ги нуди светот на книгите“ – порача директорката Снежана Бошевска.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Каде го минавте летниот одмор?

  • дома
  • на Охридско езеро
  • Грција
  • Црна Гора
  • Хрватска
  • Албанија
  • Турција
  • на Дојранско езеро
  • на планина
  • Бугарија
Резултати