Петар Печков
Објавено: четврток, 26 декември 2024
На отворено, во центарот на населба Чашка поставена е ликовна изложба, на дела од студенти на Факултетот за ликовна уметност (ФЛУ) при УКИМ. Претставени се 18 дела од исто толку автори, студенти. Ова е втор пат да се организира ликовна изложба на отворено во Чашка.
„Мал формат е студентска изложба на графики. Може да се види во Галерија под отворено небо - Чашка. На поставката се дел делата од новогодишната изложба која традиционално се одржува секоја година, во галеријата на ФЛУ во Скопје“ – кажа Драганчо Таневски дипломиран ликовен уметник, наставник по ликовно во ОУ Тодор Јанев Чашка и ОУ Петар Поп Арсов во Богомила.
Изложбата е отворена до 10 јануари.