Петар Печков
Објавено: четврток, 26 декември 2024
Најгледан филм во светот изминатиот викенд беше „Соник супер еж 3“. Соник, Наклс и Тејлс се повторно заедно за да се соочат со нов и застрашувачки непријател: Шeдоу, мистериозен негативец со темни сили какви што никогаш не се сретнале. Силата, брзината и разорните способности на Шeдоу ги ставаат тимот на Соник во неповолна позиција, принудувајќи ги да размислат за нова стратегија. Со своите надминати способности, тројцата откриваат дека за да го победат овој моќен нов непријател, мора да побараат неочекувано сојузништво. Покрај стари пријатели и нови ликови, тие ќе патуваат низ непознати земји, откривајќи скриени сили и тајни кои може да ја носат клучната улога во поразувањето на Шeдоу. Но, додека собираат сили, почнуваат да се прашуваат: Дали Соник и неговиот тим можат да им веруваат на своите нови сојузници или влијанието на Шeдоу е уште поопасно отколку што мислат?
На второто место е новиот филм на студиото Дизни за лавот Симба „Муфаса, кралот лав“. Откако станува крал, решен е неговото младенче да ги следи неговите стапки, додека се истражува потеклото на неговиот покоен татко Муфаса.
Со светската премеира и пред велешани. Better Man е уникатен полу-биографски филм за британскиот поп-пејач Роби Вилијамс. Во филмот Вилијамс е претставен како шимпанзо, што дава симболичен поглед на неговиот живот и предизвиците со кои се соочувал во кариерата.
Американскиот „Злобница“, мјузикл, романса со Аријана Гранде, Синтија Ериво е месец дена на врвот по посетеност, минатито викенд беше трето месот. Во Злобница, нераскажаната приказна за вештерките од Оз, игра добитничката на наградите Еми, Греми и Тони, Cynthia Erivo, (Harriet во броодвејската претстава The Color Purple), како Elphaba, млада жена, несфатена поради нејзината необична зелена кожа, која допрва треба да ја открие својата вистинска моќ, и добитничката на Греми, мулти-платинеста уметничка и глобална супер ѕвезда Аријана Гранде како Глинда, популарна млада жена, привилегирана и амбициозна, која допрва треба да го открие своето вистинско срце. По две децении, еден од најсаканите и најтрајни мјузикли на сцената, од есенва на големиот екран како спектакуларен кинематографски настан кој ја дефинира генерацијата.