Петар Печков
Објавено: вторник, 06 април 2010
На овој ден Гаврил се јави во архангелска светлина и `и рекол на Марија дека е одредена од Бога да го роди Спасителот.Во чест на таа блага вест што ангелот и ја пренесол на Света Дева Марија, црквата го востановила празникот Свето Благовештение, што се празнува точно девет месеци пред Божик.
Поради тоа, Благовец е благ ден. Тогаш се верува дека и раната не боли. Со Благовец е поврзано и доаѓањето на птиците преселници штркот, ластовицата, кукавицата, пупунецот и други.
Поради тоа, Благовец е благ ден. Тогаш се верува дека и раната не боли, па на малите деца им ги дупат ушите за обетки. Со Благовец е поврзано и доаѓањето на птиците преселници штркот, ластовицата, кукавицата, пупунецот и други. Се верува дека тие ќе дојдат на овој ден дури и да врне снег.
Се верува дека ако наутро гладен како што се вели на гладно срце слушнеш некоја од овие птици ќе те разбие и не ќе имаш напредок во годината. Затоа луѓето веднаш по станувањето каснувале барем еден залак леб. На Благовец саделе тикви зошто верувале дека тиквите садени на овој ден ќе бидат многу благи.