Благодарница од Црвен крст доделена на учител од Велес во 1936 година

Петар Печков

Хуманоста и принципите на Движењето на Црвен крст имаат големи и длабоки корени во Велес. Доказ за тоа е неодамнешното откритие кое велешкиот Црвен Крст го добил благодарејќи  на Дејан Перков, која ја пронашол во ОУ СВ. Кирил и Методиј.

„Тој ни достави благодарница која властите во тогашното кралство Југославија му ја врачиле на учителот Новак Ѓурковиќ на 26.12.1936 година. Таа е на српски јазик и на истата се прикажани и мотиви со хумана димензија“- вели Орце Николов секретар на ОО Црвен крст Велес.


На благодарницата е запишано „Под висока заштита на нивните големини Кралот и Кралицата, Организацијата на Црвен крст на Кралството Југославија почитувајќи ги заслугите на Црвениот крст го одликува со БЛАГОДАРНИЦА Ѓурковиќ Р. Новак, учител од Велес“.

Таа е заверена со архивски број 19940. Истата  е врамена и може да се види во просториите на Општинската организација во Велес.

Поврзани »

Гимназија Кочо Рацин

Честит 1 Мај денот на трудот

Генерацијата матуранти од Економското

Генерацијата матуранти од Економското училиште Јовче Тесличков 1976/80, 45 годишнината од матурата, ќе ја одбележат на 23 мај на мотел Гарденија. Заинтересираните да се пријават на тел. 075/204752 или 075/374952, Лила Пријавување до 10 мај

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали враќање на платениот паркинг ќе го реши проблемот со паркирањето во Велес?

  • да
  • не
Резултати