ВВ „Тиквеш“ ја промовираше новата автоматска линија за полнење на вино во стаклена амбалажа - инвестиција вредна 4,2 милиони евра

Петар Печков

Винарската визба „Тиквеш“ продолжува да ги подигнува стандардите во винската индустрија во земјава и регионот. Во винарницата во Кавадарци свечено беше пуштена во работа комплетно нова дигитализирана автоматска линија за полнење на вино во стаклена амбалажа.

Најновата инвестиција на ВВ „Тиквеш“ во современа опрема, креирана според последните технологии во индустријата, е во вредност од 4,2 милиони евра, обезбедени делумно преку кредитна линија ЕИБ7 од Европската инвестициска банка, наменета за трајни обртни средства и поддршка на зелената транзиција.

Новата автоматска линија за полнење на вино има капацитет од 12.000 шишиња на час, со што покрај подигнувањето на квалитетот ќе се забрза процесот на полнење и  задоволување на потребите на пазарите.

„Визијата за раст на ‘Тиквеш’ се темели на извонредност во сѐ што правиме, на континуиран одржлив развој, следење и имплементација на светските стандарди и трендови во винската индустрија и постојани инвестиции. Наш предизвик е да бидеме секогаш во тек со иновациите и да ги имплементираме во нашето работење.  Денес со гордост ја претставуваме нашата најнова инвестиција во опрема и технологија која е според најновите и најсофистицирани стандарди во нашата индустрија. Тоа е само уште еден чекор кон нашата цел - одржување и унапредување на врвниот квалитет на нашите производи“, истакна Светозар Јаневски, претседател на Управниот одбор на ВВ „Тиквеш“.

Со новата опрема се овозможува намалување на емисијата на C0₂ за околу 40% или за 135 тони годишно, што е целосно во согласност со заложбите за одржливост и ESG принципите. „Тиквеш“ е првата винарница во Југоисточна Европа која ги има имплементирано овие стандарди, а неодамна го објави и првиот ESG извештај.

Новата автоматска линија за полнење на вино во стаклена амбалажа дополнително ќе придонесе за зголемување на ефективноста и ефикасноста на производниот процес. Во линијата се користат најнови технологии за автоматизација и дигитализација, со што значително се олеснува работата на вработените и дополнително се зголемува контролата и безбедноста на финалните производи.

Опремата е изработена од реномираните италијански производители: GAI, MAKRO, APE, ROBINO&GALLANDRINO и GSA и ќе придонесе за зголемување на ефикасноста и брзината при испораката на вино до купувачите.

Инсталирањето на опремата и целокупниот инженеринг е изработен од водечката компанија REC PROSPERO, под чие водство се реализираше и монтажата. Се работи за сложен и деликатен процес кој траеше две години, по што автоматската линија за полнење на вино во стаклена амбалажа беше успешно пуштена во работа. Од компанијата истакнаа дека опремата што сега е дел од винарницата е на нивото на оние на останатите водечки винарници во светот.

ПР текст

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Каде го минавте летниот одмор?

  • дома
  • на Охридско езеро
  • Грција
  • Црна Гора
  • Хрватска
  • Албанија
  • Турција
  • на Дојранско езеро
  • на планина
  • Бугарија
Резултати