ВМРО-ДПМНЕ реагира на загадувањето во Велес

Петар Печков

Општинската ВМРО-ДПМНЕ од Велес реагира на загадувањето во градот, на работата на Техно Павер и на Маслодајна. На прес конференција, Славица Трајкова - потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ ОК Велес  изрази загриженост што како што потенцира, не се преземаат мерки за спречување на истото.

Зад мене се наоѓа фабриката за производство на вар Техно Павер, која меѓу другото има добиено ,,А ,, интегрирана еколошка дозвола, но ништо од тоа нема на виделина. Граѓаните на населба Превалец и населба Тунел, секојдневно се сведоци на огромните облаци од прашина, кои наликуваат на есенски магли, и не дозволуваат нормално функционирање на граѓаните од овој дел од градот. Сведоци сме на двонеделна неподнослива вечерна миризба од фабриката за масло Благој Ѓорев за која зборуваат во континуитет граѓаните од целиот град. 

Имаме чувство дека воопшто ништо не е превземено за решавање на проблемите, па затоа изразуваме сомнеж во начинот на добивање на дозволата на фабриката во Превалец.  Изразуваме сомнеж во ангажирањето на градоначалникот Коцевски, инспекторот за животна средина и најмногу сме изненадени од индолентноста на претседателот на Советот на општината Ненад Коциќ. Вината  се префрла во недоглед еден на друг, а сето тоа оди за жал на сметка на граѓаните и нивното здравје - кажа Трајкова. 

Таа дополнително праша: Кога ќе се поправи мерната станица за мерење на квалитетот на воздухот во општината?  Дали на некој од општинското раководство му одговара оваа мерна станица да не биде во функција?  Дали ќе има соодветни поднесоци против сопствениците на фабриките кои со несовесното работење директно влијаат на загрозување на здравјето на граѓаните?

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати