Вакцината против пнеумококна болест не е задолжителна ама е добро да се прими

Петар Печков

Во  Здравствен дом Велес,  како и во сите служби за вакцинација на територијата на РМ, децата можат да добијат бесплатна вакцина против пнеумококна болест која штити од менингитис, сепса, воспаление на белите дробови, воспаление на грлото и увото. Вакцината не е во задолжителниот календар за  имунизација но можат да ја добијат сите деца на возраст од 2 месеци до 5 годишна возраст на кои родителите ќе изразат желба за тоа. 

Пнеумококната болест е водечки причинител на сериозни детски заболувања предизвикани со бактеријата Streptococcus pneumonie (пнеумокок), бактерија која живее во слузницата на носот и на задниот дел од грлото. Кога ќе се размножи доволно може да предизвика инфекции во дишните патишта, средното уво или во синусите. Антибиотиците како што е пеницилинот можат да ја  убијат бактеријата, но околу 40 % од соевите се отпорни на антибиотици.

Пнеумококот се шири со блиски контакти и по пат на кашлање и кивање. Болестите како што се менингитис и воспаление на белите дробови можат да се појават само неколку дена по контактот.

Симптомите на воспаление на белите дробови од пнеумокок обично вклучуваат треска и чувство на студ со тресење, како и болка во градите, кашлица, отежнато дишење, забрзано дишење, забрзана работа на срцето, замор и слабост. 

Пнеумококниот менингитис е најчест кај децата помлади од 2 години и возрасните постари од 65 години.

Според податоците од Американскиот центар за контрола и превенција на болести (CDC), пнеумококните инфекции предизвикуват повеќе од 700 случаи на менингитис, 13.000 случаи со инфекција на крвта и 5 милиони инфекции на ушите кај деца под 5 годишна возраст секоја година. 

Од последиците на овие болести во светот годишно умираат скоро половина милион деца помлади од 5 години.

Вакцинацијата е успешна околу 90 % од вакцинираните.

Бактеријата ја зголемува отпорноста кон антибиотици. Бидејќи лекувањето на пнеумококната болест станува се потешка поради оваа резистенција – нејзината превенција со вакцина станува се поважна. Според Светската здравствена организација од сите јавно здравствени мерки – вакцинацијата  има најсилно влијание врз намалување на  бројот на нови случаи на пнеумококна болест.

Пнеумококните вакцини овозможуваат заштита против инфекциите предизвикани од различни соеви на бактерии на пнеумокок.

текстот е на д-р Петре Крстев од ЈЗУ Здравствен дом Велес- од Детската  превентивна здравствена заштита со развојно советувалиште-Велес 

 

Поврзани »

РОНТИС ВРАБОТУВА

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ Велес, која е дел од Швајцарска мултинационална корпорација активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала има потреба да вработи:
Магационер
Оператори за производство на крвни линии
Оператори за производство на црева (оддел за екструзија)
Детали

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Каде го минавте летово?

  • дома
  • Грција
  • Црна Гора
  • Охридско езеро
  • Хрватска
  • Албанија
  • Турција
  • Бугарија
  • Дојранско езеро
  • Бугарија
  • На планина
  • На базените во градов
Резултати