Вардарска регата ,,Гемиџии,, прв ден

Петар Печков

По 17 години пауза стартуваше по Вардар од Велес до Гевгелија  11 Вардарска регата, што ја организира Општина Велес, преку Сојузот на спортови на градот.

Регатата стартуваше утрово пред споменикот на Гемиџииите во Велес. Вардарската регатата се одвива со пет големи чамци, еден маестрал, пет кану и една гемија или дрвен сплав во спомен на Гемиџиите или Солунските атентатори во чија чест се одржува Вардарска регата.

Регатата ќе плови четири дена и во тој период учесниците три пати ќе логоруваат во шатори и тоа во Стоби, Демир Капија и Марвинци. Регатата свечено ќе биде затворена во недела во 12 часот во Гевгелија.

На Вардарската регатата има околу 50 учесници.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Кој ќе биде нов светски првак во фудбал?

  • Англија
  • Аргентина
  • Бразил
  • Германија
  • Португалија
  • Франција
  • Шпанија
  • некоја трета репрезентација
Резултати