Петар Печков
Објавено: петок, 28 ноември 2025
Нивото на реката Вардар низ Велес повторно во пораст. Во однос на вчера измерени се 26 цм повеќе, или денес имал 150 цм а вчера 124 цм. Мерното место е на Стар мост.
Се очекува нивото да расте во наредните часови, оти и Вардар кај Тетово има зголемено ниво а и притоките Пчиња и Треска се со повисоко ниво во однос на вчера за 20 цм. Просекот за Велес за месец ноември е 73 цм.
И нивото на реката Бабуна е во пораст, ако до пред некој ден беше 30 цм. вчера и денес е 46 цм. Просекот за ноември е 14 цм.
Податоците се од УХМР
