Петар Печков
Објавено: среда, 26 ноември 2025
Реката Вардар се враќа во коритото во Велес. Измереното ниво утрово било 122 см на мерното место Стар мост. Тоа е за 24 цм помалку од вчерашните 146 цм. Просекот за Велес за месец ноември е 73 см. Нивото на реката Вардар северно од Велес е два дена без промена, исто и на притоките Треска и Пчиња. Тоа значи дека не се очекува намалување на нивото, и дека ќе остане исто. Но со оглед на новиот дождлив период кој започна денес па се до недела, сигурно дека Вардар нема да има пониско ниво низ Велес, наредните денови.
Слично е и со нивото на река Бабуна низ Богомила, каде е константно околу 30 цм на ден. Просекот за овој месец е 14 цм.
