Велес на крајот од минатата година трет во државата по бројот на заболени од грип

Петар Печков

Зголемен број на пациенти во службата за итна помош, зголемен број прегледи на деца со вируси на детско одделение. Ваква е здравствената состојба на велешани последните денови од минатата година. 

„Има зголемена бројка на пациенти со симптоми на грип, која расте  последните денови и се јавува кај сите вбозрасти“ – вели д-р Славица Нешова Пановска началник на службата за итна помош при ЈЗУ Здравствен дом Велес. 

„Имаме вирусна инфекција, која не можам да ја оквалификувам како грип, за што е потребно да се направат тестотви, анализи. Факт е дека имаме зголемен број амбулантски прегледи, во кој 70 отсто се вирусни инфекции. Да апелирам до родителите на децата, до фамилиите, тоа е вирусна сиптоматологија за која не треба антибиотик, за која не треба да се паничи веднаш. Потребно е мирување, лежење, антипиретик, внесување на течности, Имаме вирусни инфекции, прегледите се зголемени за  три пати, но нема и зголемен број на хоспитализирани, лежечки пациенти.  Вириусна инфекција не се лечи во болница, потребно е домашно лекување - кажа д-р Зорица Гашева педијатар од Детското одделение на велешка болница.  

Според Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), во Велес од 28 до  31 декември има регистрирано 106 случаи на грип или заболувања слични на грип. Со тоа Веле е на трето место во земјава, после Скопје и Тетово. 

Oд Институтот за Јавно здравје препорачуваат:
Да се избегнува собирање и престој во простории каде престојуваат повеќе луѓе, особено да се избегнува близок контакт со луѓе кои се болни или сомнителни – кашлаат, киваат, имаат покачена телесна температура.
Често да се мијат рацете со вода и сапун или дезинфекционо средство
Да се загреваат просториите за престој и често да се проветруваат 
Препорачливо е топло, слоевито облекување, топли бањи
Да се пијат топли напитоци (чаеви и супи), овошни цедени сокови, вода со лимон

Што доколку се разболите од грип?
Останете дома и не одете на работа, во училиште или на места каде има многу луѓе.
Одморајте се и земајте многу течности и лесна храна.
Избегнувајте блиски контакти со лицата со кои живеете, не примајте посети додека сте болни.
Покријте го носот и устата со шамивче при кашлање и кивање. По употреба, фрлете ги во
корпа за отпадоци.
Носете заштитна маска кога кашлате и кивате.
Практикувајте често и темелно миење на раце со топла вода и сапун.
 Користете влажни марамчиња кои содржат алкохол или средство за дезинфекција на рацете.
 Избегнувајте допирање на очите, носот и устата со раце.
 Често проветрувајте ја просторијата каде престојувате додека сте болни.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како ја оценувате работата на сообраќајната полиција во Велес? (училишна оценка)

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Резултати