Велес ќе се гасифицира, најави вицепремиерот Анѓушев

Петар Печков

Велес ќе се гасифицира, најави вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев на неодамнешната  средба со велешките бизнисмени. Тој нагласи дека иако не бил предвиден, со негова лична интервенција, Велес ќе добие крак од гасоводната мрежа. Со тоа, велешките бизнисмени ќе добијат евтин енергенс, кој ќе им овозможи конкурентност на нивните производи на пазарот.

Знам дека тоа многу ве интересира, па затоа, можам да ве известам дека и Велес ќе добие гас. Во првичниот проект тоа не беше предвидено, но со моја интервенција успеавме да го внесеме, ај да не речам бидејќи сум велешанец, туку бидејќи Велес го заслужува тоа - рече вицепремиерот Анѓушев.

Тој најави и враќање на регионалниот центар на УЈП од Прилеп во Велес.

Тоа нема да биде лесна процедура, но ќе се обидеме да му го вратиме поранешниот сјај на Велес и повторно да го направиме силен индустриски центар. Жално е што во Велес се направија лоши приватизации, жално е што некои компании се затворија, а мислам дека имаа шанса да работат, но таа состојба денеска е така. Ние, како Влада, ќе направиме се, тие да бидат поддржани како „браунфилд“ инвестиции, односно постојните капацитети да ги рестартираме - рече Анѓушев.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати