Велешанецот Ангел Петрушев-кајак, во конкуренција за спортист на Македонија, меѓу петте најдобри

Петар Печков

Министерството за спорт ги објави номинациите за спoртист на Македонија за 2024 година. На листата од пет спoртисти во машка конкуренција е и велешанeцот Ангел Петрушев, кој настапува во кајак на диви води. Тој на ЕП на патеката Тацен во Словенија беше 6-то пласиран, што е најдобар пласман на еден македонски кајакар на Европско,Светско првенство или Олимпијада.

Тој во конкуренција за наградата е со Тони Лазов (шах), Бобан Илиоски (кик-бокс), Дарио Ивановски (атлетика) и Столе Димитриевски (фудбал).

Кај дамите номинирани се: Милјана Рељиќ (таеквондо), Михаела Мишовска (карате), Сара Ристовска (ракомет), Леа Бошевска (кик-бокс) и Наташа Андоновска (фудбал). 

За најуспешен машки национален тим во конкуренција се  сениорската ракометна репрезентација, фудбалската репрезентација, одбојкарската репрезентација, како и кошаркарската репрезентација до 18 години и карате националниот тим.

За најуспешен тренер номиниран се: Кирил Лазаров (ракомет), Дејан Митровски (кикбокс), Александар Кузмановски (карате), Бранимир Јованоски (стрелаштво за лица со телесен инвадилитет) и Благоја Милевски (фудбал).

Изборот ќе биде извршен при крајот на годинава.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

На што се греете зимава?

  • дрва
  • струја(печка, инвертер)
  • пелети, брикети
Резултати