Петар Печков
Објавено: четврток, 14 мај 2026
Велешанецот Тодор Гравчев е државен првак во боди билдинг во тешка категорија, над 90 килограми. Активно се бави две години со овој спорт, кој во Велес и нема традиција. Државното првенство се одржа во Скопје во салата Борис Трајковски.
„Тренирам пет дена во седмицата, понеделник до петок, по час два. Претходно осум сум на работно место. За многумина несфатливо, бидејќи во текот на работно време да имаш физичка активност а потоа да се посветиш на себе е несвојствено. Тренирам во теретаната 777, настапувам индивидуално, немам клуб , не сум член на некое здружение. Таму тренирам и други корисници, кои доаѓаат во теретаната“ – вели Гравчев.
Претходно, пред да стана државен првак, во квалификации се здобил со право да настапува за македонската репрезентација и учествувал на Балканското првенство во Истанбул, кое се одржало во април, во Турција. Нема спонзори, како други натпреварувачи, сам се спонзорира, обезбедува средства за тренинг, за создавање на маса на телото.
„Не користам хемија, препарати при работата, се е природно. Почнав со фудбал, па отидов на индивидуални спортови, карате. Почнав со боди билдинг, заради менталното здравје. Заседнав дома, ставив килограми, се поправив. Со спорт геенрално се бавам од 20 години, нешто со паузи, нешто активно. Сакам овој спорт-бодибилдингот да се популаризира, младите да се бават со него, да добие внимание кои го заслужува“ – кажа Гравчев.
фото приватна архива Гравчев
