Велешанец бегајќи од куче скокнал во провалија и тешко се повредил

Петар Печков

Бегајќи од куче кое го каснало, велешанец скокнал во провалија и тешко се повредил. По ова бил пренесен на Клинички во Скопје. Ова се случило во текот на вчерашниот ден, на пладне, во близина на велешката болница. Настанот го потврдија од МВР. 

Околу 12,30 ч. во ПС Велес било пријавено дека лицето А.Ј. (55 год) откако било каснато од куче, бегајќи скокнал во провалија. Инцидентот се случил на улица Самоборска ( улицата која води кон Болница з.а.)  - информираа до МВР.

Од ЈЗУ Општа Болница Велес портпаролот д-р Тодор Јаковлев кажа дека вчера околу пладне, бил примен пациент, кај кој по падот во провалијата била регистрирана повреда на вратниот рбет и поради сложеноста, морал да биде префрлен на Клинички во Скопје. 

Поврзани »

ОСНОВЕН СУД ВЕЛЕС

ОГЛАС за избор на 25 судии-поротници во Основен суд Велес
Детали

ЈАВЕН ПОВИК

ЈАВЕН ПОВИК за прибирање предлози за доделување на наградата за најстудент „Проф.д-р Ѓорѓи Шоптрајанов“ за 2026 година
Детали

ЈАВЕН ПОВИК

ЈАВЕН ПОВИК за доделување 9 Ноемвриски признанија за 2026 година

ЈАВЕН ПОВИК

ЈАВЕН ПОВИК за доделување на наградата за животно дело „Гемиџии“ за 2026 година Детали

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали сообраќајната полиција успешно се справува со паркирањето, моторите, тротинетите по велешките улици и тротоари?

  • да
  • не
Резултати