Работник тешко повреден на работно место

Петар Печков

Од билтенот на СВР Велес за изминатите 24 часа.

На 17 септември  во СВР Велес е пријавено дека во Општа болница Велес со тешка телесна повреда бил донесен Н.М. (21 год) од Велес. Според пријавеното тој се здобил со повредата додека извршувал работни задачи во фабрика во Велес. Известени биле јавен обвинител и трудов инспектор. Според информацијата од велешка болница младито работник се здобил со посекотина и скршеница на прст од рака. 

На 17 септември  во 16:30 часот, полициски службеници од СВР Велес извршија службен разговор со 15-годишна малолетничка од Велес во присуство на родител. Претходно, на улица „Орце Мартинов“ во Велес бил сопрен мопед „априлиа“ со велешки регистарски ознаки, кој го управувала малолетничката и по преземени мерки и извршени проверки, било констатирано дека мопедот го управувала пред да се стекне со право на управување. По насоки од јавен обвинител мопедот бил одземен.

На 17 септември  во 18:30 часот полициски службеници од СВР Велес извршија службен разговор со 17-годишен малолетник од Велес во присуство на родител. Претходно, на крстосница од улиците „Вера Циривири“ и „Ѓорѓи Димитров“ во Велес бил сопрен мопед без регистарски ознаки, кој го управувал малолетникот и по преземени мерки и извршени проверки било констатирано дека мопедот го управувал без положен возачки испит. По насоки од јавен обвинител мопедот бил одземен.

По документирање на настанот полицијата за два настани ќе поднесе соодветен поднесок.

Поврзани »

ОСНОВЕН СУД ВЕЛЕС

ОГЛАС за избор на 25 судии-поротници во Основен суд Велес
Детали

ЈАВЕН ПОВИК

ЈАВЕН ПОВИК за прибирање предлози за доделување на наградата за најстудент „Проф.д-р Ѓорѓи Шоптрајанов“ за 2026 година
Детали

ЈАВЕН ПОВИК

ЈАВЕН ПОВИК за доделување 9 Ноемвриски признанија за 2026 година

ЈАВЕН ПОВИК

ЈАВЕН ПОВИК за доделување на наградата за животно дело „Гемиџии“ за 2026 година Детали

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали сообраќајната полиција успешно се справува со паркирањето, моторите, тротинетите по велешките улици и тротоари?

  • да
  • не
Резултати