Петар Печков
Објавено: понеделник, 14 септември 2026
Вчеравечер младо момче коe управувалo мопед удрилo во две возила и бегал пред полицијата. Уапсен е, а немал возачка дозвола. Деталите од информацијата на велешатаа полиција.
„Неделата на 13.09.2026 во 18:20 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода П.Ѓ. (19 год) од Велес. Претходно, на крстосница од улиците „Костурска“ и „Љубљанска“ во Велес, тој управувајќи мопед со велешки регистарски ознаки, кога ги забележал полициските службеници се обидел да побегне, при што удрил во патничко возило „сеат“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Ѓ.Д.(31 год) од Велес и патничко возило „голф“ со велешки регистарски ознаки управувано од Љ.М.(45 год) од Велес“ – соопшти Ана Милевска Ѓеоргиева, портпаролка нa СВР Велес.
Во несреќата повредени нема, а причинета била материјална штета. По преземени мерки и извршени проверки било констатирано дека П.Ѓ. го управувал мопедот без да поседува возачка дозвола. По насоки од јавен обвинител тој бил приведен во полициска станица, мопедот бил одземен и по документирање на настаните ќе бидат поднесени соодветни пријави.
