Петар Печков
Објавено: понеделник, 07 септември 2026
Вчеравeчер доцна вечерта во сообраќаен инцидент, починала 19 годишна девојка од светиниколско Теоодора Д. Таа била годинава матурантка во средното училиште Коле Неделковски од Велес и на прагот на животот овој инцидент и ги прекинал младешките соништа. МВР со деталите од несреќата со смртни последици.
„На 6 септемви околу 22:00 часот во ОВР Свети Николе е пријавено дека на локалниот пат с.Пeширово-с.Црнилиште, 19-годишната Т.Д. од с.Црнилиште, светиниколско, управувајќи патничко возило „сеат“ со светиниколски регистарски ознаки, излетала од патот. Од здобиените повреди на местото на настанот, Т.Д. починала“ – соопштија од МВР:
Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатата е предадено за обдукција. Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Свети Николе.
Младата девојка ќе биде погребана на 8 септември во родното Црнилиште. Нејизните соученици се простуваат од другарката.
