Петар Печков
Објавено: вторник, 18 август 2026
На 15 август во 14:00 часот во СВР Велес, 64-годишната П.Е. од Велес, пријави дека на 25.07.2026 на социјална мрежа добила порака со заканувачка содржина од нејзината поранешна снаа З.Д., која се заканувала и на 13.08.2026 на градскиот пазар во Велес. Според пријавеното, на 15.08.2026 на улица „Ангел Мишев“ во Велес, П.Е. била физички нападната од 46- годишната Ј.Д., која била мајка на нејзината поранешна снаа.
На 15 август во 16:00 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода Н.Н.(36 год) од Велес, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом направил неред, агресивно се однесувал со своите родители и во дворот изнел дел од инвентарот и го запалил. Пожарот го изгаснал неговиот татко, а повредени лица нема.
На 16 август во 23:00 часот во СВР Велес било пријавено дека во село Долно Јаболчиште, општина Чашка, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу М.З.(26 год) од село Горно Јаболчиште, од една страна и Е.Ш.(25 год), А.М.(18 год) и Ј.Ш.(26 год), сите од Долно Јаболчиште, од друга страна.
