Групна роднинска тепачка кај пазариште

Петар Печков

Групна тепачка во близина на градскиот пазар вчера, четврток,  во попладневните часови. Учествувале повеќе лица, меѓусебно роднински поврзани.  Деталите од информацијата на велешката полиција. 

„На 6 август  во периодот од 17:40 до 19:10 часот, полициски службеници од СВР Велес ги лишија од слобода А.М.(43 год), Д.А.(31 год), П.А.(36 год) и Е.А.(19 год), сите од Велес. Претходно, на улица „Кресненско востание“ во Велес настанала физичка пресметка помеѓу П.А. и Е.А. од една страна и Д.А. и А.М., од друга страна, при што Д.А. со стаклен предмет му нанел повреда на Е.А.. Според пријавеното, пред тоа, на истата улица, А.М. бил физички нападнат од Е.А.(55 год) од Велес, дедо на 19-годишниот Е.А“ – соопшти Ана Милевска Ѓеоргиева портпарол на СВР Велес.

За тепачката бил известен  јавен обвинител и по документирање на настаните ќе бидат поднесени соодветни пријави.

фото Горан Алексов

Поврзани »

ТРЕТО АВИО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО ВЕЛЕШКО

Општина Велес ја информира јавноста дека, третото авионско третирање против комарци ќе го изврши на ден 10 август 2026 година (понеделник) во раните утрински часови. Детали

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали ВАР системот на последното СП во фудбал влијаеше на резултатите од одредени натпревари?

  • да
  • не
Резултати