Велешанец каснат од видра на река Бабуна, кај Капиново

Петар Печков

Видра нападнала сограѓанин, го каснала и морал да бара помош во велешка болница. Настанот се случил на 5 јануари во вечерните часови, кај Капиновски вирови, преградени  на реката Бабуна.  

„Во езерцата чувам крапови и вечерта околу 20ч. кога сакав да уловам крап, го осветлив просторот со батериска лампа, некое животинлче скокна и ме касна. И тоа преку јакна, облека за десната рака. Парче месо ми скина, видов дека е видара, морав да барам помош од доктор“ – ракажа лицето за ТрМр, кое било каснато, на 47 годишна возраст.

Во велешка болница го потврдија настанот.

„Вечерта на 5 јануари,  околу 21,30ч. на Ургентното одделение е дојден пациент кој се пожалил на каснување од видра на десната надлактица. Извршена е хируршка интервенција и пуштен на домашно лекување“- кажа д-р Билјана Босилкова, портпарол на ЈЗУ Општа болница Велес.

Досега во велешка болница не помнат дека имале интервенција врз пациент, кој бил повреден од каснување на видра.

Видрата е месојаден цицач од семејството на куните. Таа е добро прилагодена за живот во слатки води. Познати се како екстремно вешти пливачи. Видрите пред сè се хранат со риба, активни  се  ноќе.

фото:интернет

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали намалените цени со новогодишната потрошувачка кошничка се помош за домашниот буџет

  • да
  • не
  • зависи висината на платата/пензијата
Резултати