Велешанец осуден оти држел грабнат клиент за неплатен орален секс

Петар Печков

Млад велешанец, неодамна завршен средношколец доби условна затворска казна од три месеци ако во следната година направи ново кривично дело. Тој е  осуден за  кривичното  дело ,,противправно лишување од слобода,,.

Тоа го сторил оти клиентот, возрасен маж,  не му платил за оралниот секс. Настанот се случил на  Божик годинава, во домот на момчето во утринските часови, откако двете лица имале орален секс а клиентот не платил.  

Момчето  му се налутило на оштетениот  му се заканило ставајќи му нож под грлото,  по што го држел заклучен околу 40 минути во подрумот и  побегнал.  Кога се вратил со него биле и две други непознати   лица, па сите тројца го удирале со тупаници по главата од што се здобил со повреди на вилицата и носот, а обвинетиот му ставил црна капа на главата, кабел на вратот и го удирал по грбот.  

Потоа го однеле во друга подрумска просторија каде го заклучиле и го држеле затворен околу 15 минути. Со ова тој сторил кривично дело  ,,противправно лишување од слобода,, за што е осуден.   

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати