Петар Печков
Објавено: вторник, 17 ноември 2026
Понеделникот попладне, на велешанец му се слошило во автомобил во движење, за по кратко време да почине. Доктор од брзата помош не можел да помогне, било предоцна, само констатирал смрт. Настатно се случил во близина на кружниот тек и споменикот на Коњаникот, во центарот на градот. Повеќе од информацијата на велешката полиција.
„На 16 ноември во 17:00 часот во СВР Велес е пријавено дека на улица „8 Септември“ во Велес во патничко возило „сузуки“ со велешки регистарски ознаки починал Ѓ.С.(62 год) од Велес, откако претходно било пријавено дека му се слошило“ – соопшти Ана Милевска Ѓеоргиева, портпарол ан СВР Велес.
Била повикана итна помош а лекар од Итна медицинска помош Велес констатирал смрт. По насоки на јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција, да се откријат причините за смртта.

