Петар Печков
Објавено: сабота, 22 јуни 2024
Велешанецот Влатко Јорданов, професор по физичко воспитување, починал додека вежбал во спортски клуб. Деталите за настанот од службата за итна помош и велешката полиција.
„По добиен повик во теретана, екипа на итната помош била таму во 11,35ч. Констатирана е смрт поради ненадеен престанок на работа на срце - cardiac arrest“ - кажа д-р Василка Пановска началник нa службата за Итна помош при ЈЗУ Здравствен центар Велес.
„На 21 јуни во 11.58 часот во СВР Велeс било пријавено дека во сала за вежбање во Велес, додека В.Ј.(51 год) од Велес вежбал му се слошило, по што паднал и починал. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција“ – информира Биљана Ѓаковска, портпарол на СВР Велес.
Резултатите од обдуцијата треба да ги откријат причините за смртта на Јорданов.