Велешанец пронајден дома починат

Петар Печков

Ноќеска, вторник кон среда,  околу полноќ е пронајден велешанец, починат во неговиот дом. Побарана била помош од противпожарната единица. Смрт констатирил лекар од Итната помош.

„Примена е дојава од страна на ПС Велес за заклучена врата од куќа на ул. Архиепископ Михаил. Територијалната Против Пожарна Единица Велес излезе на лице место со 1 пп возило и 2 пожарникари спасители. По пристигнување на лице место вратата е отворена во куќата е пронајдено починато лице“ – соопштија од ТППЕ Велес.

„Во СВР Велес било пријавено дека во сопствениот дом во Велес бил пронајден починат С.Д.(61 год) од Велес. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство“ – информриаше Биљана Ѓаковска, портпаљрол ан СВР Велес.

По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.

Поврзани »

ОСНОВЕН СУД ВЕЛЕС РАСПИША ОГЛАС ЗА ИЗБОР НА 50 ПОРОТНИЦИ

Основен суд Велес, врз основа на чл.38 ст.3, чл.42 и чл.43 од Законот за судовите и Одлуката бр.02-2158/1 од 10.12.2015 година на Судски совет на Република Северна Македонија (Сл.весник на РСМ бр.219/15 од 14.12.2015 година), а во врска со потребата од избор на судии поротници поради истек на мандатот, на ден 12.07.2024 година, го објавува следниот:

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали ја пиете водата од природните чешми и бунари?

  • да
  • не
  • како кога
Резултати