Велешанец со автомобил удрил во друго возило, а бил во алкохолизирана состојба

Петар Печков

Велешанец со автомобил удрил во друго возило, а бил во алкохолизирана состојба. Деталите за инцидентот од велешката полиција.

„На 6 јануари во 11:45 часот, на улица „Архиепископ Михаил“ во Велес, полициски службеници од СВР Велес, го лишиле од слобода А.К.(63 год) од Велес. Претходно тој со патничко возило „пежо“ со велешки регистарски ознаки, удрил во патничко возило „бмв“ со хрватски национални ознаки, управувано од С.Г.(39 год) од Велес. При преземање мерки во врска со незгодата, било констатирано дека А.К. го управувал возилото под дејство на алкохол, односно дека има 2,90 промили алкохол во крвта“ – соопшти Ана Милевска Ѓорѓиева, портпарол на СВР Велес. 

По  целосно документирање на настанот, против возачот, полицијата  ќе  поднесе пријава по член 297-а од Кривичниот законик „безобѕирно управување со моторно возило“.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како ја оценувате работата на сообраќајната полиција во Велес? (училишна оценка)

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Резултати