Опожарен автомобил близу спомен куќата на Рацин

Петар Печков

Вчеравечер, понеделник, на вкрстувањето на улиците кон  музејот на Кочо Рацин, опожарен е автомобил. Брзата интервенција на пожарникарите спречила поголема штета по соседните куќи и возила. Деталите од информациите на велешката пожарна и велешката полиција.

„На 29 декември во 22:25 примена е дојава за запалено патничко моторно возило на ул. Љубен Весов кај музејот на Кочо Рацин. Територијална Против Пожарна Единица Велес излезе на лице место со две  противпожарни  возила и шест пожарникари спасители. По пристигнување на лице место беа зафатени две возола и бандера кој истите се изгаснати. Благодарение на брзата интервенција и пожртвуваноста на нашите колеги не е дозволено пожарот да направи штета и на околните куќи“ – соопштија од ТППЕ Велес.

„На 29 декември  во 22:20 часот во СВР Велес е пријавено дека на ул.„Љубен Весов“ во Велес настанал пожар на паркирано патничко возило „форд“ со велешки регистарски ознаки, сопственост на 36-годишната С.Ј. од Велес. Од пожарот е оштетено и паркирано возило „тојота“ со велешки регистарски ознаки, сопственост на П.Д.(68 год) од Велес“ – информира Ана Милевска Ѓорѓиева, портпарол на СВР Велес.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како ја оценувате работата на сообраќајната полиција во Велес? (училишна оценка)

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Резултати