Велешанец уапсен од полиција, со 12 мобилни телефони за кои немал документација

Петар Печков

Велешанец уапсен близу границата кон Бугарија откако во автомобилот кој го управувал,  пронајдени 12 мобилни телефони,за кои не поседувал потребна документација. Детали од информацијата на МВР.

„На 25 јануари  околу 20.30 часот на патот Граничен премин Деве Баир – Крива Паланка, на место викано „Торанички пат“, полициски службеници од Мобилната единица за компезаторни мерки во Одделот за гранични работи и миграции во Биро за јавна безбедност го привеле И.К.(45 год) од Велес. При преглед во возило „ауди“ со германски цол таблици, кое го управувал, биле пронајдени и одземени 12 мобилни телефони за кои не поседувал документација“ - соопштија од МВР.

Лицето било предадено во Полициската станица Крива Паланка и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Откако Србија и Хрватска го вратија задолжителниот воен рок, во Грција и Турција е исто така задолжителен , дали во Македонија треба да има задолжително служење војска?

  • да
  • не
Резултати