Петар Печков
Објавено: среда, 23 септември 2026
Викендов младите членови на Извидничкиот одред „Еквинокс“ од Штип биле во посета на долна Бабуна и месноста Пешти. Освен на прошетка, тие извеле и еко акција во која учествувале и нивните родители, а ја именувале „Бабуна заслужува подобро“ откако виделе колку ѓубре има таму, резултат на несовесните посетители, повеќето велешани ова лето.
„Оваа недела направивме прошетка низ Пешти, едно од најубавите и најнеобичните места во Македонија, и направивме мини ЕКО акција на Бабуна. Собравме повеќе вреќи отпад- пластика, стакло, лименки… Работи што немаат место покрај река каде што живее белоглавиот мршојадец и каде над нас стојат пештерски цркви стари над 600 години. Пешти е наше наследство, природно и културно. Да го чуваме заедно: кога одите на прошетка, носете си го отпадот назад со вас“ порачаа од ИО „Еквинокс“.
Тие изразуваат благодарност до сите извидници учесници, до нивните родители и на Жаре чуварот на Пешти Бабуна.
фото Извидничкиот одред „Еквинокс“ Штип
