Велешани не знаат каков воздух дишат, не знаат колкава е температурата во градот

Петар Печков

Мерната станица на Министерството за животна средина, во Велес не работи. Не работи ниту мерната станица на Управата за хидро метеоролошки работи.  Според податоците  кои можат да се забележат на  веб страницата на МЖСПП, кои таа ги регистрира,   не  функционира од неделата.  Таа е  поставена во населбата Тунел, во дворот на Детската градинка.   Кога ќе проработи неизвесно.  

Проблемот е софтверски, се надеваме дека следната седмица ќе биде отстранет и повторно ставен во  функција – изјавија од Министерството.  

Мерната станица на МЖСПП  ги покажуваше вредностите за прашина, чад, сулфур двеоксид на секој час.  Од мерењата може да се види дека единствено не  е во функција велешката од 15-та колку ги има низ Македонија.  

Со години не работи и првата која беше лоцирана близу Автобуската станица, во стариот  дел на градот.   Ако има верување дека снегот го чисти воздухот, тоа тврдење не стои, оти вчера вечер (четврток) на сите мерни места  во Македонија од апаратите на МЖСПП, беше вклучен црвениот аларм, висока концентрација.    

А и во моментите кога престанала да функционира апаратурата на мерното место во Тунел, иако снегот беше присутен трет ден, покажува високи вредности на  чад и прашина (види табели во прилог).   За мерење на квалитетот на воздухот во градот, останува само апаратурата на Центарот за Јавно здравје – Велес. Но таа мери просечни дневни вредности.  

Не е во функција ниту мерното место на УХМР, близу Болница. Таму се мера вредности за висината на температурата, ветер, правец и брзина, дожд. Таа не е  во функција од средината на ноември.   Надлежните ветуваат  дека резултатите набргу ќе бидат достапни.

Проблемот е во  конекцијата. Причина се ниските температури и студот. Наскоро резултатите ќе неа повторно ќе бидат  видливи за велешани – изјавија од УХМР. Дотогаш велешани можат само да претпоставуваат колку беше најниската температура измерена деновиве, кога на странските метео портали таа во градот се спуштила наутро  и до -20 степени.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати