Петар Печков
Објавено: среда, 14 мај 2025
Во анкета реализирана од Општина Велес, велешани најмогу како превоз користат автомобил, сопствен или такси, повеќе од половина од испитаниците. Висок е процентот и тоа на второ место е движењето пеш низ градот до бараната одредница.
Симболични се процентите за користење на градски превоз а минимално е на велосипедост, еколошки најздравиот превоз. Ова се процентите кои беа објавени на презентацијата од завршувањето на проектот „Паметни решенија – Велес продолжуваме“.
Или во бројки тоа е 53 отсто од испитаниците користат автомобил, 39 одат пеш, 7 отсто користат градски превоз и само еден отсто велосипед.