Велешанка соучесник во трио на измамници, едниот делувал од затвор

Петар Печков

На 26.06.2025 во 13.05 часот во Велес полициски службеници од СВР Штип и СВР Велес ги лишиле од слобода Д.К.(65 год) од Штип и 46-годишната Т.К. од Велес. За нив полицијата се сомнева за  сторени кривични дела „измама“ и „злоупотреба на лични податоци“.  Деталите од измамата од соопштението на МВР.

„На 25.06.2025 во 17.20 часот во СВР Штип 47-годишна жена пријавила дека од страна на едно лице и било понудено работа преку интернет, за што оштетената испратила свои лични податоци, кои подоцна биле злоупотребени и во нејзино име било аплицирано за брз кредит, па на нејзина сметка од финансиско друштво биле уплатени 40.000 денари. Потоа, телефонски и се јавило друго лице и од неа побарало да му ги врати уплатените пари, бидејќи наводно по грешка и биле уплатени на нејзината трансакциска сметка, по што таа се посомневала дека станува збор за измама и случајот го пријавила во полициска станица. Веднаш по добиената пријава, преземени се мерки од страна на полициски службеници за расчистување на случајот. На оштетената и се дадени обележани банкноти за да му ги даде на лицето кое и се јавило и побарало да ги предаде парите на лице кое ќе дојде со такси возило на локација во Велес“ – соопштија од МВР.

Откако ги предала парите, полициски службеници ги лишиле од слобода Д.К., кој го управувал возилото и Т.К., која била во возилото. По добиена судска наредба извршен бил претрес во домот каде престојува Т.К., при што се пронајдени и одземени предмети кои потекнуваат од кривични дела.

При извршениот службен разговор со Т.К., констатирано е дека истата во содејство со П.С., кој е на издржување на казна затвор во КПД Штип сториле повеќе кривични дела на истиот начин. Од страна на затворски службеници во КПД Штип извршен е претрес на П.С., од кого е одземен еден мобилен телефон. По целосно документирање на случајот ќе следат соодветни поднесоци.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како го оценувате, колку сте задоволни од решението за уредување на централното градско подрачје?

  • 5
  • 4
  • 3
  • 2
  • 1
Резултати