Велешанка тешко повредена на Партизанска во Скопје

Петар Печков

Велешанката Лидија Симсарова (83 год) тешко е повредена и според нејзини блиски се бори за живот на скопските клиники, откако моторист ја удрил и побегнал. Таа минела на зелено на  пешачки,кај хотел Карпош, кога била удрена. Настанот се случил саботата пред полноќ во Скопје.

На 15.06.2019 година во 22.55 часот на бул.„Партизански Одреди“ во Скопје, мотоцикл, управуван од непознат возач, удрил во пешакот Л.С.(83) од Скопје, по што го напуштил местото. Од ударот Л.С. се здобила со тешки телесни повреди и била пренесена на лекување во Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза - соопштија од полицијата. 

Според нејзината внука, која бара да се открие мотористот и бара помош од сведоци, професорката Симсарова има крвавење во главата и е во тешка здравствена состојба. 

Поврзани »

ОСНОВЕН СУД ВЕЛЕС

ОГЛАС за избор на 25 судии-поротници во Основен суд Велес
Детали

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали сообраќајната полиција успешно се справува со паркирањето, моторите, тротинетите по велешките улици и тротоари?

  • да
  • не
Резултати