Велешанeцот Никола Андреевски, бизнисмен кој живее и работи во САД на вечера кај американскиот претседател Трамп

Петар Печков

Велешкиот бизнисмен Никола Андреевски, кој работи и живее во САД дестина години, беше гостин на вечерата на америакнскиот претседател Доналд Трамп, која се одржа во петокот навечер  на  имотот Мар-а-Лаго во Флорида.  При вечерата Андреевски  имал кратка средба со претседателот на САД.  

Никола Андреевски е извршен директор на „МДН Фрејт“, транспортна и логистичка компанија со седиште во Чикаго, која работи на американскиот пазар и развива капацитети за соработка со големи клиенти.  

Како извршен директор Андреевски работи на проширување на капацитетите на компанијата, подобрување на оперативната ефикасност и воспоставување долгорочни деловни партнерства.
Никола Андреевски, еден од истакнатите македонски претприемачи во Соединетите Американски Држави и добитник на признанието „Бизнис елит – 40 под 40“.

Во јуни годинава, Андреевски се најде меѓу добитниците на признанието „Бизнис елит – 40 под 40“ во Њујорк, кое им се доделува на млади претприемачи и деловни лидери за постигнатите резултати во нивните индустрии.

Покрај работата во транспортната и логистичката индустрија, тој е и еден од основачите на Американскиот балкански трговски центар, иницијатива чија цел е да ги поврзе американските и балканските компании и да создаде услови за нови инвестиции и деловни партнерства.

Со оваа иницијатива, Андреевски го проширува својот професионален ангажман и надвор од транспортниот сектор, насочувајќи дел од своите активности кон развојот на економската соработка меѓу САД и земјите од Балканот.

Поврзани »

ЈАВЕН ПОВИК

ЈАВЕН ПОВИК за прибирање предлози за доделување на наградата за најстудент „Проф.д-р Ѓорѓи Шоптрајанов“ за 2026 година
Детали

ЈАВЕН ПОВИК

ЈАВЕН ПОВИК за доделување 9 Ноемвриски признанија за 2026 година

ЈАВЕН ПОВИК

ЈАВЕН ПОВИК за доделување на наградата за животно дело „Гемиџии“ за 2026 година Детали

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали сообраќајната полиција успешно се справува со паркирањето, моторите, тротинетите по велешките улици и тротоари?

  • да
  • не
Резултати