Велешка болница бара уште еден офтамолог, за да се надминат гуживите со пациентите и деца првачиња

Петар Печков

Од 23 април велешка болница нема очен лекар. Од почетокот на јуни, доаѓа доктор од Скопје, кој работи еднаш неделно. Тоа не ги намали редиците пациенти, но потребите од прегледи на децата идни правачиња.

Реакциите  на родителите се дека со ова темпо на работа  не ќе може сите да бидат прегледани до крајот на август. За упис треба да се прегледаат 630 деца, од Велес, Чашка и Градско. 

„ЈЗУ Општа Болница Велес моментално има само еден специјалист по офталмолофија на Одделот за очни болести кој е ангажиран од ЈЗУ Клиника за очни болести Скопје. Докторот моментално доаѓа вторник за редовни закажани прегледи и прегледи за издавање на лекарски уверенија за возачи и секој петок за прегледување на пациенти-деца кои треба да се запишат во прво одделение. Сооглед да има голем интерес и неможноста да се прегледат сите пациенти од страна на ЈЗУ Општа Болница Велес пред околу еден месец е побарано од ЈЗУ Клиника за очни болести дополнително уште еден лекар специјалист по офталмологија и очекуваме секој момент одговор на нашето барање, а потоа и согласнот од страна на Министерството за здравство. Доколу добиеме согласност за втор  специјалист офталмолог сите деца ќе бита навреме прегледани до пред почетокот на школската година, а доколку не добиеме ќе го зголемиме бројот за закажани термини“ – информира д-р Ванчо Граматов, портпарол на    Општа болница Велес. 

Поврзани »

Покренување Иницијатива за прибирање предлози за доделување на Деветоноемвриски признанија и награда за животно дело „Гемиџии“ за 2025 година

Покренување Иницијатива за прибирање предлози за доделување на награда на Општина Велес за најстудент „Проф. д-р Ѓорги Шоптрајанов“ за 2025 година

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали ги поддржувате казните за пешаците кои минуваат со мобилен преку обележан пешачки и за возачите на тротинети и велосипеди, ако користат телефон или слушалки?

  • да
  • не
  • казните се ниски
  • казните се високи
Резултати