Почина жената од Росоман кај која беше регистирана западнонилска треска

Петар Печков

Нов смртен случај од западнонилска треска е регистриран во земјава. Починала  66-годишна пациентка од Росоман, кај која бил потврден тежок облик на западнонилска треска, со засегнат централен нервен систем. Била згрижена на Инфективната клиника во Скопје.

Кај неа оваа зарaзна болест беше регистрирана во периодот 25- 30 септември. Пациентката имала многу придружни хронични заболувања, клиничкиот тек бил многу тежок и настапил смртен исход. Таа е  11 жртва на западнонилската треска во Македонија.

На Клиниката е хоспитализирана уште една пациентка со тешка форма на западно-нилска треска, која подолго време е на одделот за интензивно лекување и е на механичка вентилација. Таа била на Клиниката речиси еден месец. 

Од 25 септември во Македонија нема нови хоспитализации со западнонилска треска.  Вкупниот биланс заклучно со 14 октомври останува 71 регистриран случај.  Во Велешко имаше три случаи, еден во градот и два во селата.

Поврзани »

ОСНОВЕН СУД ВЕЛЕС

ОГЛАС за избор на 25 судии-поротници во Основен суд Велес
Детали

ЈАВЕН ПОВИК

ЈАВЕН ПОВИК за прибирање предлози за доделување на наградата за најстудент „Проф.д-р Ѓорѓи Шоптрајанов“ за 2026 година
Детали

ЈАВЕН ПОВИК

ЈАВЕН ПОВИК за доделување 9 Ноемвриски признанија за 2026 година

ЈАВЕН ПОВИК

ЈАВЕН ПОВИК за доделување на наградата за животно дело „Гемиџии“ за 2026 година Детали

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали сообраќајната полиција успешно се справува со паркирањето, моторите, тротинетите по велешките улици и тротоари?

  • да
  • не
Резултати