Велешка фирма пријавила измама при продажба на камиони во Гостивар

Петар Печков

Велешка фирма која продала три камиони, пријавила дека е измамена од гостиварска фирма. Деталите од информацијата на СВР Тетово.

„На 7 август во 17 часот во СВР Тетово, полномошник на правно лице од велешко пријавил дека бил измамен од лице од Гостивар, сопственик на правно лице од Гостивар. Според пријавеното, пред четири месеци во Тетово се договориле со гостиварецот да му  продаде три товарни возила за цена од 70.000 евра. Откако се договориле, на велешката фирма  биле уплатени  30.000 евра и гостиварецот  ги зел возилата. Останатиот износ требало да го плати во рок од 10 дена, но до пријавувањето не била исплатена  целата сума. Сопственикот на камионите кои биле на продажба,  побарал гостиварецот да му ги врати возилата а на неговата сметка му ги вратил парите, но гостиварецот одбивал да му ги врати возилата“ – соопштија од СВР Тетово.

Полицијата  презема мерки за расчистување на случајот.

Поврзани »

Покренување иницијатива за прибирање предлози за доделување на Деветоноемвриски признанија и награда за животно дело „Гемиџии“ за 2024 година

Комисијата за општествени дејности покренува иницијатива за прибирање предлози за доделување на Деветоноемвриски признанија и награда за животно дело „Гемиџии“ за 2024 година. Детали

Покренување иницијатива за прибирање предлози за доделување на награда на Општина Велес за најстудент „Проф.д-р Ѓорги Шоптрајанов“ за 2024 година

Комисијата за општествени дејности покренува иницијатива за прибирање предлози за доделување награда на Општина Велес за најстудент „Проф.д-р Ѓорги Шоптрајанов“ за 2024 година.

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Каде го минавте летниот одмор?

  • дома
  • на Охридско езеро
  • Грција
  • Црна Гора
  • Хрватска
  • Албанија
  • Турција
  • на Дојранско езеро
  • на планина
  • Бугарија
Резултати