Велешките акцијаши со работна акција на уредување на околината на Спомен костурницата, го одбележаа 1 Април, ден на акцијаштвото (фото)

Петар Печков

Велешките акцијаши го одбележаа 1 април, денот на акцијаштвото. Ја  чистеа и уредуваа околината на Спомен Костурницата и засадија садници чемпрес. Со ова тие го одбележаа денот на доброволното работно ангажирање, да се потсетат на минатото, но и да ги анимираат помладите за нивна вклученост во акцијаштвото.  

„Целта е старите акцијаши кои имаме повеќе сојузни акции од подрачјето на поранешна Југославија да го возобновиме акцијаштвото како  граѓански активизам, во  кои ќе се вклучат и помладите со што традицијата би продолжила.  Тие сигурно имаат слушано за работни акции од нивните постари во семејството, но не знаат што тоа значи во пракса. Сакаме преку нашето искуство да им пренесеме мотивација да се ангажираат доброволно во уредувањето на градот, на јавни површини. Да се почувстуваат одговорни во негувањето  на комуналната инфраструктура и разубавување на Велес“ – кажа Драган Миладиновски член на граѓанското здружение „Акцијаши ветерани“.  

Тие работеа на расчитување на зеленилото околу Спомен Костурницата.  Досега членовите на здружението сами се снаоѓаа со алати за работа,  гребло, лопати, копачи, а денес добија донација во опрема од  Ердован Етоски, жител на велешка Мелница, кој живее во Швајцарија.

„Не можеме како некогаш да градиме пруги и мостови, но ги градиме младите во одговорни членови на заедницата. Некој треба да ја продолжи традицијата. Работев пред 45 години кога се градеше објектот, на уредување на зеленилото, еве ега повторно сум тука “  - кажа Марина Јовева, членка на здружението, поранешен акцијаш.

Во акцијата учествуваа и сите петмина вработени од велешкиот Народен музеј, кој секој според можностите дадоа придонес во уредувањето на околината на Спомен Костурницата, која е во нивна надлежност за чување и одржување.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

  • да
  • не
Резултати