Велешките ветерани во одбојка со победа ги започнаа нaтпреварите во одбојкарскaта лига на ветерани

Петар Печков

Велешките одбојкарски ветерани со победа ги започнаа натпреварите во одбојкарската лига на ветерани, која е во рамките на натпреварите на Одбојкарската федерација на Македонија.

Во првото коло,кое се одигра во Гевгелија во тамошната спортска сала, ветераните на ОК Борец славеа со 2:1 над ветераните на ОК Шкендија од Тетово.

На овој натпревар играа Душко Анѓушев, Ѓоре Зафиров, Златко Жабев, Ѓоре Арсов, Слободан Марковски –Шуки, Сашко Миланов, Зоран Јовановски, Зоран Игнов, Александар Гулевски, Тодор Стојанов, Марјан Габеров и Горан Јанакиевски. Тренери се Јованче Манасков и Љупчо Настов.

Ќе се игра секој со секого а лигата брои осум клуба, освен велешани членови се и ветераните на Тетово, Прилеп, Гевгелија, две екипи од Струмица и Скопје.

Дополнително ќе биде одреден следниот град домаќин а во опција се Тетово и Струмица. 

ТрМр ќе ги следи настапите на одбојкарите ветерани во оваа конкуренција и ќе информира за резултатите. 

Поврзани »

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ Велес

Има потреба да вработи:
Техничар за одржување
Оператори за производство на крвни линии
Детали

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Чиј настап на Питијадата најмногу ви остави впечаток?

  • Калиопи
  • Северина
  • Бајага
Резултати