Велешките играорци не се согласуваат нивната категоризација да ја врши едно лице, туку бараат тоа да биде комисија

Петар Печков

Фолклорните ансамбли од велешко реагираат на предлогот на младите етно кореолози доставен Министерството за култура, категоризацијата на овие друштва  да ја извршува едно лице. Велат дека категоризација е потребна, заради нерамномерноста во поддршката  која фолклорните ансамбли ја добиваат од страна на институциите, било да се државни или локални и согласни се со критериумите.  Тие не се согласуваат во делот, категоризацијата на фолклорот да ја извршува едно лице,  етнокореолог, етнолог или етномузиколог.

„Не се согласуваме и категорично се спротивставуваме, ваква суштинска работа, оваа обврска на категоризација да биде доверена на едно лице. На тој начин категоризацијата  би била неправедна и субјективна.  За нас е неприфатливо негово задолжително присуство на пробите, тој да врши ревизија на носиите, организирањето на целовечерен концерт да биде одобрено од него, проектите кои се поднесуваат до институциите да бидат одобрени од етнокореолог,  поставување на нова сценска адаптација или кореографија да биде исклучиво од етнокореограф за што ќе му се плаќа илјада денари од проба плус трошоци за патување, а со фондот на носии да располагаат само Центрите и домовите на култура. Тогаш што со богатството на носии и инструменти со кој располагаат друштвата“ - велат од ансамблите „Керамичар“, „Коле Неделковски“,КУД Бирлик „Вила Зора“ од Велес и „Тодор Јанев“ од Чашка.  

Нивен став е дека на овој начин фолклористите ќе зависат од волјата на едно лице, кое без малку ќе решавало за целата нивна работа. Па констатираат дека, предците не биле музички образувани, ниту за песна ниту за оро, но оставиле богато културно наследство а народниот творец создал фолклорно богатство со кое денес се гордееме. Тие како предлог за категоризацијата нудат да се формираат комисии, наместо поединец.

„Во овие комисии, кои би броеле до пет лица,  да бидат вклучени  искусни солисти, уметнички раководители,  докажани кореографи, етнолози, етнокореолози, етномузиколози, искусни уметници од фолклорот од сите етнички заедници. Тие би вршеле теренска посета на ансамблите и друштвата, и би оценувале согласно условите и капацитетите за работа. Да се изготви „Регистар на фолклорни друштва“ кој би бил како лична карта на секое од нив, со податоци за постоење, број на членови, број на настапи, фонд на носии и инструменти, учество на фестивали, репертоар“ - предлагаат велешките играорци.

Сметаат дека со ова решение ќе има праведна и објективна категоризација. Потсетуваат дека во досегашната децениска работа, тие имаат добиено меѓународни признанија за македонскиот фолклор со го  претставувале, награди на меѓународни фестивали.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес

АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Дали Општина Велес да се задолжи со 46 милиони денари, за да се изгради покриен Градски пазар?

  • да
  • не
Резултати