Куќата на Аликара чека да се продолжи со санацијата, која сопре пред една година, причина немало стручен кадар – градежен инжинер

Петар Печков

Куќата на Аликара во Велес и натаму без ветените и најавени градежни работи за нејзнина санација. Мина една година откако лани се отстранија градежните скелиња а реконструкцијата беше сопрена. На почетокот од минатата година  биле извршени внатрешни зафати, саниран кровот, зацврстени ѕидовите, по што се отстранија градежните скелиња кои беа поставени две години. 

Во меѓувреме летото почина еден од сопружниците кои живееја во куќата и не дочека таа да се обнови. Во живот Пане Апасиев, сопственикот знаеше да кажа, „додека бевме финансиски моќни баравме дозвола да санираме, не добивавме, потоа државата со години ветуваше и ништо не се случуваше“. 

Пред една година од  Националниот конзерваторски центар (НКЦ) на поставеното прашање кога ќе продолжат градежните работи информираа дека „во тек е изработка на градежно-конструктивна фаза како дополна на конзерваторскиот проект по барање на Управата за заштита на културно наследство.

По изработката и комплетирањето на документацијата, ќе продолжат работите“. Лани за санација на куќата, Министерството за култура одобри 4 милиони денари. А во 2024 беа издвоени 1,2 милиони, но таа година ништо се се презеде за санација. Од НКЦ со нов одговор зошто работите не се одвиваат. 

„Тоа е исклучиво заради алармантниот недостаток на стручен кадар во заштитата на културното наследство, а особено во недвижното културно наследство и недвижност по намена. Имено, за конкретниот објект, во текот на изведбата на конзерваторско-реставраторските работи во 2025 година, се увиде дека Основниот проект треба да се дополни со конструктивно-статички елементи, кои не беа видливи при самото проектирање. Последниот градежен инженер - статичар во Националниот конзерваторски центар, специјализиран за објекти од културно-историско значење заминал во пензија пред десетина години. Во 2018 година Националниот конзерваторски центар вработува градежен инженер - статичар, но до денес не покажува никаква способност за соодветната високо одговорна позиција. Оттогаш па наваму установата оваа празнина ја пополнува со надворешни соработници, кои, исто така, се исклучително дефицитарен кадар. По запирањето на работите на објектот во текот на 2025 година од страна на конзерваторскиот надзор, националната установа побара помош од надворешни соработници од соодветниот профил, но заради нивната презафатеност поради малобројноста во државата, обврската во однос на предметниот објектот ќе ја завршат до крајот на септември, односно почетокот на октомври 2026 година, по што Центарот ќе може да продолжи со обврските кон овој објект во согласност со нормативите предвидени во Законот за заштита на културното наследство“ – одговори во писмениот одговор Александар Јордановски директор на НКЦ. 

Тој дополни дека за овој проблем алармирал уште веднаш по неговото доаѓање во јули 2025 година, а при посетата на министерот на култура Седат Сулејмани на почетокот од месецов, ова прашање го ставил како прироритет. 

Освен куќата на Аликара, не се презема ништо за санација на куќите кај Варналиите. Трите преостанати се во лоша состојба, сопствениците не смеат ништо да преземаат бидејќи се културно благо. Едната изгоре во декември 2019, беше најавено дека ќе се изгради нова, седум години подоцна ништо од ветувањето.

Според пишаните документи, куќата е изградена во средината на 19 век, била бегова куќа, подоцна купена од бавчованџијата Аликара, па од Апасиеви.               


Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали сообраќајната полиција успешно се справува со паркирањето, моторите, тротинетите по велешките улици и тротоари?

  • да
  • не
Резултати