Велешките малолетници ниту пијат алкохол ниту излегуваат по полноќ

Петар Печков

Велешката полиција    спроведе  две контроли во угостителски објекти лоцирани на градското подрачје, каде со помош на фонометар беше извршено мерење на штетната бучава, при што не се констатирани прекршоци.  На 5-ти јуни во терминот од 23 до 1 часот по полноќ извршена е контрола на следните угостителски објекти: базен Снупи, кафе бар Стонс, Мурано, Сити, Диенд, Аквариус, Прего, Ескејп и кабаре Ноктурно , каде што со помош на фонометар беше извршено мерење, при што во сите случаи не се констатирани недостатоци . Во наведените објекти не се констатирани ниту прекршоци со присуство на малолетници во угостителски објект после 24 часот.   

  Исто така, беше извршена контрола на присуство на малолетни лица во угостителски објекти после 24,00час. како и точење алкохол на малолетни и пијани лица Истата вечер на 5-ти јуни по полноќ во терминот од 00,30 до 1 часот по полноќ, од страна на полициски службеници извршена е контрола на кабаре Ноктурно, со цел контрола на присуство на малолетници после 24 часот и точење на алкохол на малолетни и пијани лица, при што во објектот не се констатирани прекршоци. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Кој ќе биде нов светски првак во фудбал?

  • Англија
  • Аргентина
  • Бразил
  • Германија
  • Португалија
  • Франција
  • Шпанија
  • некоја трета репрезентација
Резултати