Велешките пожарникари деновиве со повеќе интервенции, сите резултат на човечкото невнимание

Петар Печков

Велешките пожарникари деновиве со повеќе интервенции, сите резултат на човечкото невнимание. Горела околината на споменикот кај Пуста кула, кај Раштански колиби, гробиштата кај  Превалец и на Св. Пантелејмон, сува трева во близина на селата Клуковец и Бањица и Бузалково и Сливни. Деталите од билтенот на ТППЕ Велес.

На  8 август во 09:40 примена е дојава за запалена сува трева помеѓу селата Клуковец и Бањица. Интервенирано со едно противпожарно возило и двајца  пожарникари спасители.  По пристигнување на лице место настапено е со гасење на пожарот и истиот е изгаснат.

На 8 август  во 21:13 примена е дојава за запалена сува трева помеѓу селата Бузалково и Сливник Интервенирано со едно противпожарно возило и тројца пожарникари спасители. По пристигнување на лице место пожарот беше затекнат во развиена фаза благодарение на брзата интервенција и пожртвуваноста на нашите колеги и неколку мештени пожарот за брзо време е изгаснат и не е дозволено негово проширување


На 8 август  во 23:20 примена е дојава за запалена сува трева кај гробиштата во населба Превалец . Интервенирано со едно противпожарно возило и тројца пожарникари спасители. Благодарение на брзата интервенција и пожртвуваноста на нашите колеги и локалното население не е дозволено пожарот да го зафати трлото и копите со сено.

На 9 август во 07:52 примена е дојава за запален гроб кај црквата св. Пантејлемон. . Интервенирано со едно противпожарно возило и двајца  пожарникари спасители. По пристигнување на лице место пожарот е изгасен.

На 9 август  во 09:40 примена е дојава за задимување кај споменикот на патот за Раштани. 

На 10 август во 10:15 примена е дојава за пожар на автопат Велес - Скопје кај Пуста кула кај пунктот на Македонија Пат. Интервенирано со едно противпожарно возило и тројца пожарникари спасители. По пристигнување на лице место пожарот имаше зафатено некаде околу два хектара трава грмушки. Пожарот е изгаснат и не е дозволено негово проширување.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали ВАР системот на последното СП во фудбал влијаеше на резултатите од одредени натпревари?

  • да
  • не
Резултати