Велешки театар гостува на два фестивали во Србија, во Ниш и Крагуевац

Петар Печков

Утревечер, сабота, велешкиот театар настапува во Крива Паланка, на тамошниот театарски фесивал „Јоаким Осоговски“. Ќе ја играат претставата „Госпоѓа министерка“ од Бранислав Нушиќ во режија на Синиша Ефтимов.    

Вендаш потоа заминуваат на мини турнеја низ Србија со два настапи, во Ниш и Крагуевац. Во Ниш ќе настапат на фестивалот  „Театар на раскрсница“ вторник на 7 октомври, со претставатa „Галеб“ од Чехов. На овој фестивал ќе настапат и Народно позориште од Ниш, Босанско народно позориште од Зеница, Народен театар Иван Вазов од Софија, Црногорско народно позоритше од Подгорица, Народно позориште од  Белград и  Југословенско драмско позоршите од Белград.       

На 9 октомври, четврток, велешки театар ќе настапи на фестивалот „Јоакимфест“ во Крагуевац, со претставата „Татко“ од Флоријан Зелер а во режија на Ненад Витанов. Во конкренција за нградади ќе бидат и  Ателје 212 Белград, Народниот театар од Сомбор, Театарот од Никшиќ Црна Гора,  и театрски групи од Порторож –Словенија и  Равена – Италија.    

Летово, велешки театар гостуваше на фестивал во Смедерево со претставата „Галеб“ а  наградата за најдобар актер ја доби Исидор Јовановски.  

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Чиј настап на Питијадата најмногу ви остави впечаток?

  • Калиопи
  • Северина
  • Бајага
Резултати