Мермерните седишта се враќаат на гледалиштето од театарот во Стоби, догодина фестивалот на античка драма се враќа на локалитетот

Петар Печков

Привршува враќањето на мермерните елементи во гледалиштето од Театарот во археолошкиот локалитет Стоби. Со тоа се отвора можноста веќе следната година, Фестивалот на античка драма да се врати на локацијата, во оригиналниот амбиент, по кој беше познат во регионот.

Тој десетина години се одржува на сцената на велешки театар.  Деновиве се извршуваат завршните активности, последната фаза од годинашната конзервација мермерот. Дваесетината мермерни  плочи се враќаат, откако се изврши санација на местото каде беа лоцирани. 

„Враќањето на дислоцираните мермерните блокови е последната фаза од активностите годинава. Тие беа отстранети за да се санираат штетите на лежиштата од блоковите. Тоа е се санирано, конзервирано и сега сме во фаза на враќање на седиштата во гледалиштето.  Со тоа овој театар може да се стави во функција, да биде комплетно безбеден за посетителите и да го вратиме Фестивалот на античка драма, на местото каде му прилега, припаѓа. Така би го вратиле сјајот на театарот и би бил атрактивен за посетителите, туристите“ – кажа Маријана Филова виш конзерватор во НУ Стоби.  

Вратените мермерни седишта се оригиналните од времето кога театарот бил изграден, во 2 век а постоел до 4-тиот.Се носел од Прилеп, и бил познат уште од антика. Уште тогаш, прилепскиот бил препознаен како квалитетен мермер за употреба. Десниот дел од гледалиштето, е конзервиран без седишта и мермерни блокови.

Се гледаат само лежиштата, мермерните блокови недостигаат.  Во различен период од постоењето на населбата, мештаните  ги користат како секундарен материјал за градби или санација на други објекти.  Проценките на стручните лица се дека за да се постават нови мермерни блокови како седиште, потребни биле три милиони евра. 

Денес комплетно недостасува горната половина од гледалиштето, единствено се забележуваат потпорните ѕидови. Капацитетот на театарот бил околу 7.600 гледачи, каде имало и крвави борби на гладијатори. Hа седиштата има врежани фамилијарни и индивидуални имиња  од реномираните граѓани на Стоби, кои  секогаш имале резервирани места.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како ја оценувате работата на Советот на Општина Велес, од мандатот 2021/2025 година? (училишни оценки)

  • 5
  • 4
  • 3
  • 2
  • 1
Резултати