Да не дозволиме фабриката да пропадне во спомените на идните генерации, потребно е поставката да има спомен куќа на порцеланот во Велес (фото)

Петар Печков

Големината на изложбата „Порцеланови луѓе“  ги надминува времето и просторот, денес и овде и затоа е потебно да се остави трага за постоењето на фабриката Порцеланка. Бидејќи генерациите  заминуваат, сеќавањата бледеат, а предметите што се изложени треба да останата за иднина. Токму поради тоа Јасмина Дамјановска, една од авторките побара изложбата и предметите да добијат соодветен простор и да бидат достапни до јавноста. 

„Благодараност до велешани, кои ја отворија душата споделувајќи ја со нас и радоста и тагата за фабриката. Токму нивната меморија ни овозможи да ја реализираме изложбата, да го сочуваме името на Порцеланка. Да не дозволиме фабриката да пропадне во спомените на идните генерации. Молба до градоначалникот, поставката да ја направиме спомен куќа на порцеланот“ – кажа  Дамјановска.

Градоначалникот Марко Колев беше меѓу бројните присутни  во салата на Ликовен салон. 

За значењето на изложбата говореше историчарот на уметеностт Кирил Пенушлиски. 

„Овој проект има едно посебно длабоко значење, не оти е прв во историјата на Македонија, туку затоа што е обид да се сочува историјата на индустрискиот дизајн во земјава. Историја заборавена во архивите на напуштените објекти и разрушени ѕидови на едно време. Со оваа изложба производите на Порцеланка се трансформираат во културни артефакти. Таа ја обнови вредноста за индустриското наследство. Изложбата не потсетува дека фабриките можат да бидат храмови на уметност. Така отвараме една врата кон сеќавањата, културна историја која не смее да биде заборавена“ –  рече промоторот Кирил Пенушлиски, историчар на уметност.

Поради интересот на велешани и значењето на изложбата, Народниот музеј го продолжи работното време на Ликовен салон, каде таа е сместена. Секој работен ден од 8 до 18ч. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како ја оценувате работата на Советот на Општина Велес, од мандатот 2021/2025 година? (училишни оценки)

  • 5
  • 4
  • 3
  • 2
  • 1
Резултати