Петар Печков
Објавено: вторник, 28 октомври 2025
Од утре, среда до следната среда, во Велес ќе се одржи 22 издание на Фестивалот на античка драма „Стоби2025“. Ќе учестуваат пет претстави а ќе се доделат и традиционалните награди „Антигона“.
„Театрите се помалку работат претстави на антички текстови, се потешко се доаѓа до нив како избор, се помалку продукции на оваа тема но и од постојните кои можеме да си дозволиме да се донесат во Велес. Од понудата во регионот, но и пошироко се трудиме да го донесеме најдоброто“ – рече Жарко Спасовски директор на Фестивалот на античка драма Стоби.
Среда вечер ќе биде изведена претстава „Агамемнон -кругот на крвта“ продукција на Ла мама експерименталниот театар од Њујорк. Четврток вечер е „Калигула“ на Кумановски театар, петок „Нешто големо“ на Академија Медитеран од Лече Италија, вторник на 4 номеври е „Ифигенија од ништо“ на Драмски театар од Скопје и за затворањето среда на 5 ноември „Лекција“ на Штипски театар.
Жирито е во состав Јордан Витанов, Фаик Мефаиловски и Христина Атанасова Арсова актерка во Шптипски театар. Тоа треба да ги избере наградите за претстава, режија и машка и женска улога.
Фестивалот е финансиски поддржан од Општина Велес и Министерството за култура.
